Кулеба и Лавров договорија средба во Турција

by Фокус

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и неговиот руски колега Сергеј Лавров се договорија да се сретнат за време на дипломатскиот форум во Анталија, Турција, објави денеска турскиот МНР Мевлут Чавушоглу.

Чавушоглу, во изјава за турските медиуми, рече дека тој ќе присустува на средбата закажана за четврток.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, пак, изјави дека договор за тристраната средба е постигнат за време на телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на иницијатива на турскиот лидер.

Поврзани новости