Русија кажа кои и се непријателски земји, меѓу нив и Македонија

by fokus

Руската влада го одобри списокот на странски земји и територии кои спроведуваат непријателски дејствија против Русија, според наредбата од кабинетот.

На списокот се наоѓаат Австралија, Велика Британија, земјите-членки на ЕУ, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Монако, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Сан Марино, Андора, Сингапур, САД, Тајван, Украина, Македонија, Албанија, Црна Гора, Швајцарија, Јапонија и Микронезија.

Наредбата е изготвена со претседателски декрет, потпишан од Владимир Путин на 5 март 2022 година. Според документот, Владата, руските граѓани и компаниите кои имаат девизни долгови кон странските кредитори од списокот на непријателски земји ќе можат да ги платат во рубљи

Поврзани новости