342
Академик Катица Ќулавкова смета дека со новиот закон за јазици се менува идентитетот на државата.
„Трагично е кога ќе си го смениш идентитетот на државата сам, дома, однатре, со тапија. Идентитетот на државата РМ се менува и статусот на нејзиниот конститутивен народ и државен јазик. Сите јазични права и досега ги имаа македонските Албанци, ама македонскиот беше единствен државен, а сега ќе има два државни јазика и тоа менува и повредува многу нешта“, напишаа Ќулавкова на Твитер.