Утре парламентот ќе го ратификува договорот со Бугарија

by Фокус

Пратениците утре треба да го ратификуваат Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија, кој е дел о дневниот ред на 30-тата седница.

Истовремено, за утре е закажана и седница на парламентарната Комисија за европски прашања, на која бугарсскиот амбсадор во земјава, Иван Петков, ќе ги претстави програмата и приоритетите за работа на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ за периодот јануари – јуни 2018 година.

Покрај тоа, утре на дневен ред во парламентот се и реформските закони за следење на комуникациите, на законите за администрација, законот за амнестија итн.

Во четврток пред пратениците треба да се обрати и генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг, кој претстојнава недела ќе дојде во дводневна посета на Македонија.

Поврзани новости