Кукла со ликот на претседателот Вучиќ „обесена“ на протестите против насилство во Белград

by Fokus

На протестот во Белград организиран од прозападните политички партии, кој беше наречен „Србија против насилството“, насобраните донесоа обесена кукла со ликот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Ова не е првпат на овие протести да се бара атентат врз претседателот на Србија.

Прво, Милован Бркиќ рече дека „младите треба да земат оружје, а на Вучиќ да му се отсече главата“.

На протестите се појави и Срѓан Ного, екс пратеник од Двери кој беше уапсен поради смртни закани кон претседателот Вучиќ.

Ова, според пишувањата на дел од српските медиуми, освен закана е и кривично дело за кое следува повеќегодишна затворска казна.

Поврзани новости