Тројца полицајци ранети со нож во Кливленд

by Fokus

Тројца полицајци се ранети во напад со нож откако се појавиле во куќа на безбедносна проверка во американската сојузна држава Охајо.

Полицијата на Кливленд била повикана на местото на инцидентот во градот Билингем, откако добила повик за проблематичен возрасен маж, пренесе „Мирор“.

Кога пристигнале на местото на настанот затекнале маж со нож кој ги нападнал. Двајца се здобиле со убодни рани, а третиот е расечен.

Тие се префрлени во болница каде им била укажана лекарска помош.

За инцидентот во петокот е уапсен 34-годишен маж кој со полесни повреди е пренесен во болница.

 

Поврзани новости