Куќен притвор и одземени пасошите на членовите на Левица

by Фокус 18:58
18:58

Здравко Савески и Владимир Куновски кои денеска беа приведени поради учество во толпа за време на демолирање на Канцеларијата на Иванов, одат во куќен притвор, а одземени им се и пасошите.

Ваква одлука донел Основниот суд Скопје 1, кој претходно го одбил барањето на Јавното обвинителство за притвор од осум дена.

Судијата на претходна постапка, заради неосудуваност одредил поблага мерка , бидејќи не постоел сомнеж за повторување на делото.

- Advertising -

Апсењето на двајцата членови од партијата, предизвика остри реакции кај голем дел од граѓанските здруженија и политички партии, кои нивното приведување го дефинираа како обид за заплашување на демонстрантите.

Поврзани новости