Демонстрантите го офарбаа Министерството за надворешни работи

by Фокус 19:12
19:12

Граѓанскиот протест од пред Собрание продолжи кон зградата на Министерството за надворешни работи, чија фасада демонстрантите предмалку ја обоија со шаренило.

Граѓаните скандираат „Оставка”,  „Робија за криминалците и „Нема правда нема мир”.

- Advertising -

Демонстрантите веќе дванаесетти ден по ред протестираат против одлуката за колективна аболиција.

На денешниот протест јавно се обратија Бранимир Јовановиќ од партијата „Левица“, новинарот и активист Петрит Сарачини, професорот Иван Бабановски, пејачката Кристина Арнаудова и портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, кои зборуваа за Шарената револуција, како и потребата од слобода и мир.

13091689_956385084478587_1053658481_o

13082024_10209311811657278_1265129539_n

Поврзани новости