КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

by fokus 14:29
14:29

Конфедерацијата на слободни синдикати предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува кој ќе работи, а кој не.

Сметаат дека на овој начин ќе се уназадат правата на работниците и предлагаат во став 134 став 2 од Законот за работни односи да стои дека Недела е ден за неделен одмор, а секоја работа во недела да се пресметува како прекувремена работа и да се исплаќа дневница зголемена за 50 проценти. Во став 3 од истиот член предлагаат да се додаде дека неделното работно време не смее да се продолжува во недела, односно дека неделното работно време е од понеделник до сабота.

- Advertisements -

– Со ваква измена сметаме дека се задоволуваат потребите на работниците, но и на бизнис секторот од причини што во Законот за работни односи, член 117 став 5 вели дека „Прекувремената работа може да трае најмногу осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно”.
Со ваква измена во членот 134 и имајќи го предвид членот 117 каде што кажува колку најмногу може прекувремено да работи еден работник, се заштитува работникот од една страна, да неможе да работи секоја недела, а од друга страна исплатата на дополнителна зголемена дневница го задоволува трудот кој сега би имал додадена вредност и капиталот се распределува порамноправно, појаснува КСС во соопштението.

Поврзани новости