425
Три лица се приведени откако 15 минути по полноќ во алкохолизирана состојба сакале да јадат без пари во фурна на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода.
Откако им било укажано дека не може да јадат без пари, едно од лицата кое имало боксирач во раката започнало да ја крши вратата и витрините од бурекџилницата.
По ова, Љ.Н. им рекла дека за 30 денари не вреди да се расправаат, а истите физички ја нападнале и едно од лицата вперило и пиштол кон неа.
По преземени мерки во врска со пријавениот настан во Полициска станица Кисела Вода се приведени А.Ф.(22), Ф.Б(25) и Г.Г.(29) сите од Скопје. Се превземаат мерки за документирање на случајот по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.