Се мавале со флаши и чаши поради девојка, двајца повредени

by fokus

Две лица завршиле со телесни повреди откако синоќа околу 2:40 часот избувнала тепачка во угостителски објект на булевар „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Екипа на МВР излегла на местото на настанот, при што е констатрано дека А.Д.(20) од едната страна и В.П.(25) и Д.М.(26) од другата страна, сите од Скопје, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка при што истите се удирале со флаши и чаши меѓу себе. Причина за нарушувањето е меѓусебно недоразбирање во врска со девојка.

На Д.М. и В.М. им е укажана лекарска помош во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде им се констатирани телесни повреди, додека кај А.Д. не се забележани видливи повреди. Поднесени се три записници за констатаиран прекршок по член 5 и член 11 од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир.

Поврзани новости