Му го украле мобилниот на таксистот и му го искршиле задното стакло од возилото

by fokus

Две машки лица вчера му го украле мобилниот телефон на таксистот кој ги превеезувал од „Рекорд“ до улица „Џон Кенеди“.

Според пријавата, на раскрсницата помеѓу улиците „Џон Кенеди“ и „Лазо Трповски“ откако Д.А. застанал на црвен семафор, едно од лицата се симнало од возилото додека другото го одзело неговиот мобилен телефон.

Возачот се обидел да го спречи во намерата но лицето започнало да му упатува закани, се симнало од возилото и со дрво го скршило задното стакло од возилото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Поврзани новости