Кризниот штаб вечерва ќе одлучува за второто полугодие

by fokus

Главниот координативен кризен штаб вечерва ќе заседава и ќе треба да донесе предлог за тоа како да започне второто полугодие од учебната година, дознава „Фокус“.

Потоа, донесениот предлог ќе треба да го достави до Владата која на седница ќе треба да ја донесе конечната одлука. Владината седница за ова прашање можно е да биде свикана и доцна вечерва.

Комисијата за заразни болести заседаваше денеска зад затворени врати и неофицијалните информации се дека тие предложиле почетокот на второто полугодие со физичко присуство, без одложување.

Инаку, процедурата за носење протоколи за пандемијата е следнава:

Комисијата за заразни болести носи предлози/мислења кои потоа ги доставува до Главниот координативен кризен штаб при Владата. Тој Кризен штаб заседава и врз основа на мислењата на Комисијата за заразни болести донесува конечен предлог кој го доставува до Владата. Владата свикува седница и ја носи конечната одлуката.

К.С.Б.

 

Поврзани новости