Пановски за „Фокус“: Можеби би влегол во Комисијата, ама под мои услови

Прв услов: укинување на сертификатите

by fokus 18:33
18:33

Дел од медиумите денеска пренесоа информација дека ЛДП планира да ги предложи докторите Никола Пановски и Драган Данаиловски за членови на Комисијата за заразни болести.

Доктор Пановски во изјава за „Фокус“ вели дека тоа го чул од медиумите, а партиите не предлагаат членови во Комисијата.

Тоа го чув од медиумите. Партиите официјално не предлагаат, ниту владата, тоа е комисија на министерот за здравство, објаснува доктор Пановски.

На прашањето дали би прифатил да биде дел до Комисијата за заразни болести, тој одговара:

Можеби, но под мои услови, кои не верувам дека ќе бидат прифатени. Прв услов, укинување на сертификатите.
Катерина Смилева Божиновска

 

 

 

Поврзани новости