Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска донесе одлука со која ги отфрла „бомбите“ на опозицијата како докази во судска постапка. Оваа одлука доаѓа откако Апелацискиот суд се прогласи за ненадлежен за одлучување за прислушуваните телефонски разговори кои ги објавуваше СДСМ.
Кривичниот совет ги отфрлил жалбите на 21 обвинител и ја потврдил одлуката на судијата на претходна постапка со која прислушуваните материјали се отфрлаат како неосновани.
Претходно, судијката на претходна постапка, Славјанка Јанкоска, го уважи барањето на адвокатот на Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска и останатите обвинтети и ги иззема бомбите како докази. На оваа одлука, скопското Обвинителство поднесе 21 жалба, што сега Кривичниот суд ги одби.