„СОНК се исплаши од силата на зборот на професорот Стојановски“

by Фокус

Синдикалната организација на СУГС ,,Орце Николов“  денеска реагираше на одлуката на СОНК за исклучување на професорот Душко Стојановски од синдикатот и велаат дека оваа одлука покажува дека СОНК ги казнува оние членови кои го кренале својот глас против аномалиите на образовниот систем.

-Претседателот на синдикалната организација на СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје, професорот Душко Стојановски ѝ е доволно познат на јавноста по отворената борба за поквалитетно образование, по вистинољубивоста, по неговите заложби за враќање на дигнитетот на професијата наставник. Изминатите денови имаме многу прашања и многу дилеми. Кому му пречи проф. Стојановски? Кој и зошто се исплаши од него? Ги исплаши ли силата на неговиот збор? Неговото влијание?!, прашуваат од Синдикалната организација на „Орце Николов“.

Тие велат дека одлуката за ислучување на нивниот претседател ја дочекале со гнев и разочараност и целосно застануваат зад професорот Стојановски.

-Одлуката за исклучување ја дочекуваме со гнев и разочараност. Членовите на СОНК на СУГС Гимназија ,Орце Николов“ целосно застануваат зад проф. Душко Стојановски, затоа што тој е ЕДИНСТВЕН НАШ ПРЕТСЕДАТЕЛ. За нас, тој тоа и ќе остане!!! Нашата борба за квалитетни реформи и примерите коишто им ги оставаме во наследство на идните генрации, нѐ прават горди што во времето на ретките, бевме на вистинското место – на страната каде што се бранеа човековите права и демократијата, стои во реакцијата.

Поврзани новости