700
Момчето од Куманово кое пред неколку дена шутираше куче на игралиште во Куманово доби кривична пријава.
„СВР Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријва против 17-годишен малолетник од с.Стрезовце, општина Старо Нагоричане поради постоење основи на сомение дека сторил кривично дело „мачење животни“ по член 233 став 1 од Кривичниот законик. Пријавениот, на 29.02.2020 околу 21.00 часот на игралиште во с.Младо Нагоричане удрил куче“, велат од МВР.