Кривична за кумановец кој од туѓа картичка подигнал над 900 евра

by fokus

Жител на Табановце доби кривична пријава поради неовластена употреба на пронајдена платежна картичка, од која подигнал над 900 евра.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(59) од село Табановце, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 07.06.2019 во Куманово, пријавениот на банкомат во два наврати употребил пронајдена платежна картичка, сопственост на Ц.М., при што неовластено подигнал парични средства во вкупен износ од 60.000 денари“, соопштуваат од МВР.

Поврзани новости