544
Кривична пријава заработи крадец на златен накит кој на минувачи на Камениот мост на сила им го одземал. Разбојникот е приведен, а вредноста на накитот се проценува на над 800 евра.
Како што соопшти МВР, А.С.(22) од Скопје извршил четири кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“, при што се стекнал со противправна имотна корист од 52.000 денари. Пријавениот ги извршил делата на идентичен начин во периодот од 18 ноември 2019 до 3 декември 2019. Тој, со употреба на сила, од оштетените одземал златен накит кој го носеле на нив. Првото дело го извршил на 18 ноември 2019 на ул.„11-ти Октомври“, а останатите три во близина на Камениот мост во Скопје на 28 ноември 2019, на 1 и 3 декември 2019 година.