Шекеринска: После години „чмаење“, денес испишавме историја!

by fokus

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска не го криеше задоволството после Самитот на НАТО во Лондон.

Како што порача таа, сите лоши работи во минатото избледеле и според неа, испишана е историја.

Вредеше! Дадовме збор и донесовме резултат. #МКвоНАТОДенес, секој наш Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав,…

Publiée par Radmila Sekerinska sur Mercredi 4 décembre 2019

„Вредеше! Дадовме збор и донесовме резултат. #МКвоНАТО
Денес, секој наш Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав, Бошњак… имаше чувство дека победил, дека успеал, дека има причина да биде горд. После години “чмаење” пред вратите, денес бевме свои на своето заслужено место во најмоќниот сојуз. #ЕденЗаСите #СитеЗаЕден
Овој наш успех не беше лесен ниту извесен. Најлесно беше да се биде песимист и да се жали над нашата судбина. Но, решивме поинаку – да бидеме амбициозни, ама и да се бориме и да сработиме. Резултатот покажа дека сме биле во право.
Тепањето, малтретирањето… лагите, пропагандата против сите нас со државни пари… постојаното оцрнување, па и крвта на 27 април… сето тоа денес избледе. Вредеше и тоа да се истрпи, и тоа да се преживее – за да денес можеме да кажеме дека напишавме историја!“, порача Шекеринска.

Поврзани новости