Јовески ќе ги „решава“ вработените во СЈО

by fokus

На 11 декември на дневен ред пред пратениците во Собранието е предлог законските измени за јавнообвинителска служба според кој се предлага меѓу другото сите парични и платни налози, но и работни задачи за вработените во Специјалното јавно обвинителство да се грижи републичкиот Јавен обвинител Љубомир Јовевски.

Во предлог законот е наведено дека сите порано вработени во Основното јавно обвинителство да се вратат на своите стари работни места, а за останатите ќе се направи систаматизација.

„За сите прашања кои се однесуваат на работниот однос на јавнообвинителските сужбеници и лицата вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите кои вршат технички и помошни работи одлучува Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите или Јавниот обвинител на Република Северна Македонија доколку нема избрано Јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите“, стои во предлог-законот.

Воедно, се предлага републичкиот Јавен обвинител да има надлежност и врз истражителите кој своевремено СЈО ги позајми од МВР и од Финансовата полиција, а во иднина ќе работат на случаеви кои ќе ги отвори ОЈО.

Поврзани новости