Кривична за кичевец: Ги бодел сопствените коњи со остар предмет

by fokus

Поради основано сомение за сторено казнено дело „мачење животни“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.А.(41) од кичевското село Србјани.

„Тој, во периодот декември минатата до јануари оваа година, извршил злоупотреба на осум коњи негова сопственост со кои вршел дотур на огревни дрвја и ги изложувал на тегобна состојба, користел остар предмет со кој им предизвикал расекотини на главите и не превзел мерки за санирање на предизвиканите повреди“, информира портпаролот на СВР- Охрид Стефан Димоски

Поврзани новости