Кривична за гинекологот и биологот од Гинекологија за примање поткуп

by Фокус

Пос сомнение дека земале поткуп, МВР до Основно Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 59-годишниот П.Љ., вработен како доктор и пет години помладата М.К.,вработена како биолог на скопската Клиника за гинекологија.

Според полицијата, пријавените директно побарале пари за себе од оштетениот Д.К. од Свети Николе, за породување на неговата сопруга со царски рез, при што имале намера наводно да се стекнат со противправна имотна корист во висина од 19.800 денари. Од МВР, исто така информираат дека оштетениот бил телефонски побаран од М.К. при што му било кажано да дојде на клиниката за да се види со П.Љ. којшто требало да ја породи неговата сопруга.

Откако се сретнале, му било кажано од страна на П.Љ. дека тој е оној што одлучува дали неговата сопруга ќе се породи со царски рез или не. Истиот ден, по барање на М.К. повторно се сретнале оштетениот и првопријавениот П.Љ.  при што двајцата пријавени му побарале сума од 19.800 денари доколку сака неговата сопруга да биде породена со царски рез, а истовремено му бил покажан и ценовник за услуги за дополнителна дејност.

Оштетениот, најпрвин случајот го пријавил во министерството за здравство, каде на терен веднаш биле испратени инспектори, а во меѓувреме случајот бил пријавен и во полиција.

Поврзани новости