ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да одговори за приходите и фирмите на негова адреса

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ го повикува портпаролот на СДСМ Петре Шилегов да одговори за закупнината од 700 евра што ја добива месечно за имот кој не постои и за 4-те фирми пријавени на неговиот стан во Скопје.

– Особено е сомнително што две од овие фирми сместени во неговиот стан се во сопственост на лица од Словенија и Абу Даби, а притоа Шилегов нема доставено договори за закупнина ниту открива колку кирија му плаѓаат ови две фирми. Дали овие фирми се вистински, со што се занимаваат или се фантом фирми кои сте ги сместиле во вашиот стан за цели кои само вие ги знаете? Имаме индиции дека овие две фирми Блек Стоун Холдинг и Урбан Солитионс немаат вработени, а замислете пријавиле во Централниот регистар дека вршат угостителска дејност, односно маркетинг услуги – рече Александар Стојковски, пратеник од владејачката партија.

Поврзани новости