Кривична против беровец за „тешки дела против општата сигурност“

by fokus

Жител на Берово доби кривична пријава поради сомнение за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, посочија од МВР.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.Г.(48) од с.Двориште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. На 25.10.2019, по шумски пат на влезот во село Двориште, пријавениот управувал трактор со приколка натоварена со дрва на која се превезувале и З.Ч.(34) и В.Г.(47), двајцата од село Двориште. Притоа, пријавениот изгубил контрола над возилото и удрил во канал покрај патот и во дрво, по што се превртел, по што З.Ч. починал, а В.Г. се здобил со тешки телесни повреди“, информираат од МВР.

Поврзани новости