Кривична пријава за труењето од сендвичарата „Кинг“ во Делчево

by fokus

Против 38-годишниот Т.Г. од Делчево е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет на штетни и други прехрамбени продукти”. Пријавата ја поднесе надворешната канцеларија за криминалистички работи во Делчево поради труењето со сендвичи на средината од ноември.

Според полицијата Т.Г. на 14.11. и 15.11.2017 година во Делчево на улица „Н.Ј.Вапцаров”, во сендвичара „Кинг”,  приготвил и пуштил во промет сендвичи во кои имало присуство на бактерии „Staphliococus koagulaza“ и  „Enterobakteriacea“, со што го  загрозил здравјето на шест лица  коишто на  15.11.2017 година,  се јавиле во „Итната медицинска служба” во Делчево од каде поради влошената здравствена состојба биле пренесени во „Клиничка болница” во Штип.

Поврзани новости