Екс градоначалникот на Кочани се товари дека го оштетил буџетот на Општината за 50.000 евра

by fokus

Против поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, е поднесена кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани го товари Димитровски дека го оштетил буџетот на Општината за 48.791 евра.

Според полицијата Димитровски од декември 2013 година до април 2014  година,  без претходно донесена одлука од Советот на општина Кочани за субвенционирање на градскиот превоз на подрачјето на општина Кочани, склучил Договор за вршење на јавен градски превоз за пробен период со „Авто Атом“ ДОО Кочани.

Врз основа на договорот за секој продаден билет на превозникот, општината субвенционира половина од износот. На овој начин, пријавениот му овозможил на  „Авто Атом“ ДОО Кочани да се стекне со  противправна имотна корист, а го оштетил буџетот на општина Кочани за  3.000.690 денари.

Поврзани новости