Девојче е тешко повредено откако паднало од трактор, кој излетал од патот

by Fokus

Единаесетгодишно девојче е тешко повредено, откако трактор излетал од коловозот, информираа од МВР.

На локалниот пат што ги поврзува тетовските села Камењане и Јеловјане, вчера (24 декември) околу 13.30 часот, трактор „ИМТ“ без регистерски ознаки, што бил управуван од 59-годишниот А.И. од Камењане излетал од коловозот. З.И.( 33 ) и 11-годишно девојче од Камењане, кои седеле на импровизирана приколка од штици, паднале од тракторот и задобиле тешки телесни повреди. Со друго возило, двајцата биле пренесени во тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош префрлени се на скопските клиники. Девојчето со скршеница на десната рака, задржано е за натамошно лекување, додека  З.И.  е пуштен дома.

Поврзани новости