Уште еден долгогодишен кадар на ВМРО ДПМНЕ заработи кривична пријава за злоупотребена службена должност и овластување. Полициската станица од Гевгелија му поднесе пријава на Румен Стаменов од Скопје, директор на Државниот инспекторат за земјоделство. Како што извести МВР тој искористувајќи ја својата службена положба и овластување спротивно на законските прописи изготвил два службени акти со кои го задолжил Министерството за земјоделство да склучи договори за закуп на земјоделско земјиште со правните лица ДПТУ „Ди Си Мила“ ДООЕЛ-Стар Дојран и ДЗППУ „Милена Пром 2000“ ДООЕЛ-Нов Дојран со што им се дадени на користење површини за период од 30 години, на кои имало лозови насади, сопственост на правно лице кое претходно било закупувач. Покрај ова, тој овозможил од министерството преку тужбено барање да бараат надомест на штета и загубена добивка поради невоведување во владение на предметните парцели и неспроведување на нивните бизнис планови. Стаменов многу често се појавува во јавноста со премиерот Груевски, особено на големите партиски настани.
Кривична пријава за Румен Стаменов, истакнат кадар на ВМРО ДПМНЕ
1.3K
претходна вест