ДОМ: „Југохром“ загадува, обвинителството замижува

by Фокус 13:04
13:04

Јавното обвинителство ја отфрли кривичната пријава поднесена од ДОМ против „Југохром“ од тетовското село Јегуновце за загадување на животната средина и загрозување на природата со отпадни материи.

Од први април сите индустрирски капацитети имаа обврска да направат еколошко прилагодување на отровите што ги испуштаат во природата при производство, но „Југохром“ продолжи со работа и со загадување на околината игнорирајќи ги поплаките на граѓаните.

- Advertising -

Од партијата ДОМ денеска известија дека со кривичната пријава поднеле и доказен материјал за конценрациите на загаденост на воздухот во Тетово.

„Нам не ни е јасно како може обвинителството да ги игнорира доказите, а  образложението за отфрлање на пријавата да биде само записник од сослушувањето на застапникот на „Југохром“. Ова решение на обвинителството покажува непрепознавање или замижување пред  кривичните дела кои ги има сторено „Југохром“, а кои имаат директно влијание врз животот и здравјето на луѓето и се главни причинители за менувањето на квалитетот на воздухот, водата и почвата во овој регион. Со непридржувањето кон прописите за заштита на животната средина, односно со одбивањето да преземе мерки за еколошко прилагодување, „Југохром“ предизвика  загрозување на животната средина и природата со отпадни материи, кои се опасност и за идните генерации“ – коментираше портпаролот на партијата Тони Ристов.

 

Поврзани новости