603
Асоцијацијата на активисти за права на животните денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против Љупчо Златев поради поттикнување труење на животни.
-Новинарот кој во два наврати (на Фејсбук и на емисијата на ТВ Нова) поттикнуваше труење со животни, давајќи директни насоки со кој отров луѓето треба да ги трујат уличните кучиња. ААПЖ бара да се покрене кривична постапка против пријавениот за едно кривично дело “Предизвикување на општа опасност” и едно кривично дело “Мачење животни” , велат од Асоцијацијата.