Кривична пријава за беровчани кои си организирале прослава во продавница

by Fokus

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово до Основно јавно обвинителство Берово поднесе кривична пријава против 14 лица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, согласно  член 206 став 1  од Кривичниот законик. 

Како што соопшти МВР, кривичната пријава е поднесена против лицата Ј.К.(40), Х.М.(21), К.С.(41), Д.К.(54), Д.М.(43), С.К.(37), З.Ч.(40), Т.К.(31), П.К.(58), Б.П.(30), Б.К.(25), Н.Џ.(22), Д.Џ.(26) и Т.К.(40), сите од селото Двориште, Беровско. 

Пријавените, на 13 јануари оваа година, околу 01.00 часот во продавница во Двориште организирале и зеле учество на прослава во затворен простор, со што постапиле спротивно на здравствените прописите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на ширење на заразната болест Ковид 19

Поврзани новости