СДСМ ќе поддржи една изборна единица за следните парламентарни избори

by Fokus

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека СДСМ ќе даде поддршка на предлогот на помалите политички партии за избор на пратеници во една изборна единица, што, како што нагласи е и нивно изборно ветување, бидејќи тоа, според него, значи унапредување на демократијата и давање шанса на помалите партии за рамноправност.

Ние сме за една изборна единица. Уште еднаш напоменувам тоа е унапредување на демократијата и давање шанса на помалите партии, особено, посебно што во државата покрај помали политички партии, имаме и политички партии со етнички признак. Така што тоа дава поголема шанса за поголема застапеност во самиот Парламент, рече Заев.

Со ова, нагласи тој, губат СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, а во мал дел и ДУИ, како поголеми партии, веројатно и Алијансата за Албанците, но добива државата и демократијата.  

Поврзани новости