Вакцини против Ковид-19 се продаваат на црниот пазар

by Fokus 14:13
14:13

Вакцините против Ковид-19 се продаваат на црниот пазар по цена од 250 до 1.200 американски долари, соопшти компанија Касперски, која ги истражуваше огласите за продажба на вакцини на „темната мрежа“ (darknet).

Огласите, како што наведува глобалната кибер безбедносна компанија, биле за вакцините на Фајзер/БиоНтек, на АстраЗенека и на Модерна, но имало и лица кои продавале неверифицирани вакцини.

- Advertisements -

Според Касперски, најмногу продавачи на вакцини има во Франција, Германија, Велика Британија и во САД и оти поголемиот број од нив извршиле од 100 до 500 трансакции.

Поврзани новости