Кривична пријава против Захариев за злоупотреба на службена положба

by fokus 12:25
12:25

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, добри кривична пријава од Секторот за внатрешни работи во Штип под сомнение дека ја злоупотребил својата службена положба и овластувањата. Според пријавата, Захариев се товари дека како градоначалник склучил договор со фирма од Штип кој бил штетен за Општината, и при тоа ги прекршиле законските прописи бидејќи немало основ за склучување на таков договор.

„Имено, И.З. примил наплатени парични средства во висина од 1.567.619 денари по основ на уредување на градежно земјиште за парцела на ул.„Гоце Делчев“ бб Штип од 2004 година, и наместо да изврши наплата на парични средства во висина од 1.899.918 денари за уредување на градежно земјиште за изградба на објект со локација во Индустриската зона Запад во Штип (која во урбанистичките планови постои од 2014 година), пријавениот наплатил само 332.299 денари со што и нанел штета на општина Штип, а на правното лице му овозможил да се стекне со противправна имотна корист од 1.567.619 денари“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

- Advertising -

Поврзани новости