380
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, намерно ги става во оган неговите пратеници да говорат дека предлог-законот за јазиците е неуставен и дека не е во несогласност со Рамковниот договор, истакна пратеничката од СДСМ Фросина Ременски денес во собранието.
-Во отсуство на други аргументи, зборувате за нешто што и сами не верувате. Очајот е толку голем во вашата партија што вашиот лидер по медиуми се обидува да им се додвори на Албанците, докажувајќи колку направил за нив во периодот кога бил премиер, а од друга страна, вас како пратеници, ве исправа пред срамот да си пукате во нога, говорејќи спротивно на тоа што тој го зборува – рече Ременски.