Заев му порачал на Хан дека со право очекува датум за преговори

by fokus

На едночасовната средба што ја имал премиерот, Зоран Заев, со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, порачал дека очекува исчекор во европските интеграции. Заев посочил дека со право се надева на есен да биде отстранета условенеста на препорката, а потоа и датум за отпочнување на преговори со Европската унија.

„Паралелно сметаме дека ги исполнуваме потребните услови и за интеграцијата во НАТО“, ми порачал Заев на Хан.

Хан од своја страна ги оценил иницијативите на Владата на Македонија за добрососедство и регионална соработка како корисни во процесот на интегрирање на целиот Западен Балкан во евро-атлантските интеграции.

„Продолжете да работите демократски на започнатите реформи. Тоа што ќе го постигнете е важно за песпективите на вашата држава и за целиот регион“, посочил Хан, соопштуваат од Владата.

Поврзани новости