Кривичен совет: Несогласноста на судијата за претрес кај Груевски е оправдана

by Фокус

Кривичниот суд ја уважи одлуката на судијата на претходна постапка да не го прифати барањето на Специјалното јавно обвинителство за претрес со домот на началникот на Петтата управа, Горан Груевски.

-Имено, Кривичниот совет при овој суд по извршениот увид во списите на предметот, одлучил дека судијата на претходна постапка правилно постапил давајќи несогласност бидејќи СЈО има лимитирана стварна надлежност која се однесува на овластувања да истражува и да гони кривични дела кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникации, во законски определениот период, а кое нешто не произлегува од барањето за издавање наредба за претрес, односно не може да се утврди за кој временски период се однесува содржината на комуникацијата од незаконското следење на комуникации, а од која се тврди дека произлегува кривичното дело. Оттука советот смета дека судијата на претходна постапка правилно утврди дека не е исполнет предусловот во смисла на чл. 17 ст. 1 од ЗКП, велат од Кривичниот суд.

Поврзани новости