Латас и Ивона побарaле од СЈО да отвори постапка за снимките објавени на Јутјуб

by Фокус

Главниот уредник на Сител, Драган Павловиќ-Латас по тричасовниот разговор со истражителите на Специјалното обвинителство изјави дека тој и Ивона Талевска поднеле барање  за отвoрање кривична постапка за објавени разговори на Jутјуб од анонимно лице потпишано како Никола Тесла.

-Баравме од Специјалното јавно обвинителство да постапи според законот и да ги гони тие лица. Истрагата е отворена. Верувам дека ќе направат тоа што треба. Таму има свесно објавување на приватни детали кои се монтирани, за да добијат сексуална или некава друга содржина, бидејќи оригиналот на разговорите не содејствува со содржината која е објавена. Според наши проценки, објавена е од лица кои имаат свои портали, лица кои порано биле функционери на СДСМ. Имаме и свое мислење, но и директни и индиректни докази за тоа, рече Латас.

Тој рече дека во неформален разговор слушнал дека наредната снимка која може да биде објавена како што беа објавени разговорите од него со сопственикот на Сител и со Талевска, ќе била за да компромитира судијка од СЈО.

-Вие знаете дека се објавени разговори помеѓу Хари Костов и Бранко Бојчевски, како и на Муса Џафери со женско лице за кое се тврди дека е Ермира Мехмети, но јас не сум сигурен дека е таа. Има објавено од мене со Горан-Ѕинго, мој со Ивона Талеска и како што ви кажав едно од темпираните жртви е и судијка од СЈО. Повторно и тој разговор ќе биде сексистички. И нивен интерес е тоа да запре, а тие кои рекетираат да бидат законски третирани, рече Латас.

Поврзани новости