БЕСА: Како може Јанкулоска да нареди уништување на софистицирана опрема?

by Фокус

Претседателот на движењето „БЕСА“, Билал Касами, денеска на прес конференција истакна дека опремата за прислушување, која наводно е уништена, е потенцијална опасност за државата.

-Се поставува прашањето зошто поранешната министерка на МВР, Гордана Јанкуловска, и другите власти на ова Министерство ја прогласија за неважечка и застарена опремата за прислушување, под изговор дека треба да се уништи? Како може да се нареди уништување на една софистицирана опрема за прислушување со вредност од над 10 милиони евра?, прашува Касами.

Тој праша и кој може да гарантира дека оваа опрема за прислушување е навистина уништена и дека не е во рацете на некоја определена група или субјект, кои ќе ја употребуваaт, за да ги прислушуваат граѓаните на Република Македонија.

Поврзани новости