Кремљ: Преговорите со НАТО и САД неуспешни

by Fokus

Кремљ ги оцени безбедносните разговори со претставниците на САД и НАТО како „неуспешни“, поради несогласувања околу основните проблеми.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Москва има „исклучително негативен“ став за можните нови американски санкции, вперени против врвот на руската влада и армија и клучните банкарски институции, доколку Русија ја нападне Украина.

Песков рече дека разговорите со претставниците на Западот оваа недела довеле до некои „позитивни нијанси“, но дека Москва сака конкретни резултати, а не нијанси, пренесува Ројтерс.

Санкциите против рускиот претседател Владимир Путин би значеле прекин на односите меѓу Москва и Вашингтон, оцени Песков, истакнувајќи дека предложените мерки „не придонесуваат за конструктивна атмосфера во преговорите“.

Поврзани новости