631
Извршена е тешка кражба во Шарената џамија во Тетово, информираат од полицијата. Од кутијата за доброволен прилог се украдени околу 500 денари во разни апоени, пет евра и пет турски лири.
Кражбата се случила во периодот од 19.40 часот на 21.01.2017 до 04.30 на 22.01.2018. Сторителот влегол во џамијата така што насилно ја отворил влезната врата, а откако ги земал парите побегнал во непознат правец. Од полицијата велат дека работат на утврдување на неговиот идентитет.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.