Се одложи судењето за смртта на малиот Алмир

by fokus

Судењето за случајот на смртта на малиот Алмир Алиу денеска се одложи во кумановскиот суд, а новото рочиште е  закажано за 6-ти февруари.

Рочиштето се одложи по барање на адвокатот Асмир Алиспагиќ, кој го застапува обвинетиот Бобан Илиќ. Алиспагиќ ни изјави дека побарал одложување поради субјективни причини.

Поради одложувањето остана непознато дали обвинителката направила преквалификација на делото, односно наместо за „убиство“, обвинетиот да се гони за „сообраќајна несреќа со смртни последици“.

 

Поврзани новости