Кражба во изборната комисија во Кавадарци

by fokus 15:28
15:28

Министерството за внатрешни работи информира дека претседателот на општинската изборна комисија во Кавадарци вчера попладне во локалната полициска станица пријавил дека биле украдени изборни материјали од големата сала во зградата на Општина Кавадарци, што ја користела комисијата.

Кражбата, како што информира полицијата била извршена вчера во периодот меѓу 1.30 и 6.30 часот. Сторителот, како што информираат од МВР, влегол преку вратата од салата, која била заклучена, а на која полициската екипа која извршила увид не констатирала оштетувања.

- Advertisements -

Од салата, според полицијата, биле одземени, три УВ-ламби, неколку перничиња за печати, пенкала кои се користеле за гласањето и линијари.

Поврзани новости