ФРОДЕМ: Изборниот резултат ќе биде законит само доколку секој глас е валиден

by fokus

Државната изборна комисија (ДИК) и другите органи најодговорно и законито треба да постапат по сите приговори, бидејќи поради малата разлика на изборите секој глас е значаен за тоа кој ќе ја води земјата, велат денеска од ФРОДЕМ.

-Изборниот резултат ќе биде законит само доколку секој глас е валиден и еднакво третиран. Секој глас законито и јавно треба да биде преброен. Доколку тоа не се случи, тогаш изборите во целина не треба да се признаат и веднаш треба да се повторат. Треба докрај сериозно да се истражи дали овие осомничени лица се дел од злосторничко здружение кое оперирало на цела територија и со тоа влијаеле на севкупниот резултат. Додека тоа не се утврди не може да има законит изборен резултат, велат од ФРОДЕМ.

За ФРОДЕМ несовпаѓањето на копиите и оргиналите од записниците од избирачките одбори што го објави опозицијата е сериозен индикатор за изборен криминал, но, исто така, и работата на информатичката служба на ДИК е спорна и е под сериозно сомнение.

Поврзани новости