МВР тврди дека не било информирано за претресот во домот на началникот на СВР Куманово

by fokus

Акцијата во која е извршен претрес на домот на началникот на СВР Куманово С.В. се одвивала по наредба на судија во претходна постапка и е организирана и спроведена од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамките на предистражната постапка, без информирање и планирање од страна на Министертвото за внатрешни работи, соопшти предмалку МВР.

Министерството за внатрешни работи укажува дека сите вработени во овој државен орган, треба да го задржат нивото на максимално професионално постапување и однесување, со цел да се избегнат ситуации кои може да предизвикуваат дополнителни тензии и да наштетат на угледот на министерството.

Поврзани новости