Британската кралица Елизабета за божиќни подароци за семејството и персоналот троши 30.000 фунти.
Кралицата за Божик и за Нова година купува 520 подароци за членовите на кралското семејство и за персоналот, тврди нејзин поранешен соработник за Дејли меил.
Исто така, таа испраќа 750 божиќни честитки на роднини, пријатели, членови на кралското домаќинство и на различни делегации на британскиот Комонвелт, како и на властите на пријателските земји. На честитката вообичаено се наоѓа семејна фотографија.
Персоналот на кралското семејство подароците ги добива две седмици пред Божиќ во една од просториите на Бакингемската палата. Тие еден по еден приоѓаат да ги примаат подароците од кралицата која на секого кажува по нешто, а тие и возвраќаат со божиќниот поздрав: Среќен Божиќ!.
Подароците вообичаено се во вид на жетони за книги или мало парче порцелан од палатата, како и божиќен пудинг.
Доколку некој од персоналот не може да присуствува на церемонијата на врачување на подароците, тогаш тие им се праќаат со визит карта од Нејзиното величество и принцот Филип.
Оваа традиција прв ја почна кралот Џорџ Петти.