Крај на владеењето на Нетанјаху

by fokus

Лидерот на најголемата израелска опозициска партија „Јеш Афид“, Јаир Лапид, кому претседателот на Израел Рувен Ривлин претходно му го даде мандатот за формирање на влада, постигнал коалициски договор и дека ќе формира влада.

Ривлин на Твитер му честиташе на Лапид за договорот за формирање на влада и изрази надеж дека Собранието на Израел ќе го потврди тоа.

Специфичност на идната израелска влада ќе биде ротацијата на премиерското место на две години. Прв премиер ќе биде водачот на партијата „Јасмин“, Нафтали Бенет, а за две години ќе го замени Лапид, соопшти Канцеларијата на израелскиот претседател.

Договорот за формирање на влада е постигнат два месеца по израелските избори и по бројните напори заедно да се поврзат партии кои се од различен политички спектар.

Со ова ќе се стави крај на повеќегодишната ера на владеење на досегашниот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој ја водеше земјата од 2009 година, а беше премиер и во периодот од 1996 до 1999 година и со тоа е најдолгогодишниот челник на израелска влада.

Поврзани новости