630
Вчеравечер, жител на Велес бил фатен за време на кражба, па удрил по полициските службеници, кои подоцна го совладале.
„На 29.10.2021 во 22,30 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(20) од Велес, кој бил затекнат при вршење на кривично дело кражба во куќа на ул.“Ѓ.Органџиев“, а потоа и физички нападнал полициски службеници. По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.