Села до Заев: Еден режим се урна, сега се раѓа друг

by fokus

Ова го велам со жалење, еден режим се урна, а се раѓа друг, му се обрати Зијадин Села на премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница на која на дневен ред е интерпелацијата на Владата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.

Села рече дека Алијансата за Албанците на гласањето за доверба на Владата ќе гласа „воздржано“ и додаде дека премиерот Заев не ја заслужува поддршката за доверба.

-Јас ја дадов поддршката кога беше избран за премиер, денес не ја заслужуваш поддршката за доверба. Гласот на Алијансата за Албанците ќе биде воздржан, рече Села.

Поврзани новости